МАЖИТЕ СО ЏАНДРЛИВИ ЖЕНИ ИМААТ ПОНИЗОК РИЗИК ОД ДИЈАБЕТЕС Истражувачите утврдиле како добриот, односно лошиот брак влијае врз здравјето на сопружниците
Истражување покажало необична поврзаност меѓу квалитетот на бракот и ризикот од дијабетес тип 2 кај мажите. Дали понекогаш „приговарањето“ навистина може да биде корисно?
Неодамнешно истражување открило дека мажите кои се во „лош брак“ имаат помал ризик од дијабетес во споредба со мажите кои се во среќен брак.
Социолози од Државниот универзитет во Мичиген и Универзитетот во Чикаго ги претставиле резултатите од две големи истражувања спроведени меѓу нешто постари брачни парови. Во анкетите учествувале дури 1.228 парови – мажи и жени на возраст од 57 до 84 години – кои на прашањата одговарале двапати, во 2005 и во 2010 година. Во двата наврати на учесниците им биле поставувани прашања за нивниот брак и односот со сопружникот, а биле земени и лабораториски примероци.
Истражувањето открило дека мажите кои се во „лош брак“ имаат помал ризик од развој на дијабетес тип 2 во споредба со мажите кои се во среќен брак. Истражувачите дури утврдиле дека мажите кои пет години по првото тестирање изјавиле дека нивниот брак се влошил и дека сопругите често им приговараат, исто така имале многу низок ризик од дијабетес тип 2.
Понекогаш приговарањето е корисно
При анализата на добиените податоци, истражувачите утврдиле како добриот, односно лошиот брак влијае врз здравјето на сопружниците и врз ризикот од развој на дијабетес. Жените кои пет години по првото тестирање изјавиле дека се наоѓаат во подобар брак имале помал ризик од дијабетес тип 2.