📽️ ПАНИКА НА ПОЗНАТА ТУРИСТИЧКА УЛИЦА Пијан возач удрил во 12 лица, 21-годишна девојка тешко повредена

Дванаесет лица се повредени во драматичниот инцидент во Албуфеира, меѓу кои и двајца припадници на португалската полиција, а 21-годишна девојка е тешко повредена.

118

Дванаесет лица се повредени во драматичен инцидент во познатото португалско летувалиште Албуфеира, откако 35-годишен возач со автомобил се залетал кон пешаци во една од најпознатите улици за ноќен живот во градот.

Инцидентот се случил околу 3 часот наутро во улицата Руи Франциско Са Карнеиро, во делот познат како Оура Стрип.






Според португалската Национална републиканска гарда (GNR), автомобилот во еден момент ненадејно тргнал. Полицајците му наредиле на возачот да застане, но тој го игнорирал предупредувањето.

Наместо да запре, тој го свртел автомобилот и продолжил да вози. Кога повторно бил запрен од полицијата, возачот повторно не застанал, туку со возилото се упатил директно кон пешаците и полициската патрола.

Во налетот биле повредени повеќе лица. Полицајците дури испукале и неколку куршуми во воздух за да ги предупредат луѓето и да се обидат да го запрат возачот.

По инцидентот, 35-годишникот продолжил да бега. Со автомобилот се судрил со друго возило, по што излегол и се обидел да избега пеш.

 

Полицијата успеала да го стигне и да го уапси.

Меѓу 12-те повредени има 10 португалски државјани, како и државјани на Полска и на Шпанија. Двајца од повредените се припадници на полицијата.

Една 21-годишна Португалка е тешко повредена, додека останатите 11 лица се со полесни повреди и не се во животна опасност.

Возачот бил под дејство на алкохол. Алкотестот покажал 1,29 грама алкохол на литар крв, додека дозволената граница во Португалија е 0,5 грама на литар.

Против него се води постапка поради тешко насилство, опасно управување и возење под дејство на алкохол. Направени му се и токсиколошки анализи.

 

Снимките од местото на настанот покажуваат како автомобилот со вклучени фарови се движи кон пешаците, додека луѓето во паника се обидуваат да избегаат од патот.

Португалскиот министер за внатрешни работи Луис Невеш изрази солидарност со повредените и нивните семејства и им посака брзо закрепнување.

Градоначалникот на Албуфеира, Руи Кристина, изјави дека станува збор за изолиран инцидент и дека градот презема мерки за безбедноста во зоната со ноќни клубови. Тој додаде дека возачот насилно ги пробил поставените заштитни бариери и продолжил да вози по тротоарот.

Поврзани содржини