📽️ ЃОКОВИЌ САКАЛ ДА ЗАБРАНИ ЕДНА ТЕМА ВО ДОКУМЕНТАРЕЦОТ Режисерот едвај го убедил да проговори

Џејсон Хир морал да го убеди Ѓоковиќ дека интересот за неговото пензионирање всушност е комплимент за долговечноста. Српскиот тенисер на крајот прифатил да зборува за темата, но не понудил датум за неговиот последен меч во кариерата.

155

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ не сакал да зборува за пензионирањето во новиот документарец „Волкот во зима“. Режисерот Џејсон Хир морал да го убедува дека прашањето за пензионирањето не е навреда, туку комплимент.

Документарецот беше објавен на 20 август на стриминг-платформата „Амазон прајм видео“. Ѓоковиќ во него зборува за кариерата, растењето во Југославија и депортацијата од Австралија во 2022 година.






Но, разговорот за пензионирањето првично не го сакал.

– Му реков на Новак „мораме да се справиме со ова, но сфати го како комплимент. Луѓето се фасцинирани од тоа колку долго можеш да го правиш тоа што го правиш“ – раскажал Хир.

„Можеби една, можеби уште 15 години“

Ѓоковиќ на крајот прифатил да зборува за темата, но не понудил датум за последeн меч во кариерата.

– Не знам кога ќе ја завршам кариерата. Можеби за една година, можеби за уште 15 години, не знам. Додека имам мотивација, страст, но пред сè, додека чувствувам дека можам да освојувам турнири и да бидам еден од најдобрите играчи во светот, сакам да продолжам – рекол Ѓоковиќ.

Тој нагласил дека нема поставено рок за пензионирање.

– Зошто би сакале да ме пензионирате кога сè уште играм и се натпреварувам на највисоко ниво? Сè уште сум меѓу петте најдобри играчи во светот. Зошто би зборувал за пензионирање кога постојано си докажувам дека сè уште можам да победувам? – рекол Ѓоковиќ.

Хир верува дека сомнежите го туркаат напред

Режисерот смета дека постојаните шпекулации за крајот на кариерата можеби имаат спротивен ефект врз Ѓоковиќ.

Според него, токму сомнежите би можеле дополнително да го мотивираат српскиот тенисер. Хир потсетил дека јавноста веќе околу 5 години го поставува истото прашање.

„Волкот во зима“ е замислен како документарец со пристап до турнирите, тренинзите и секојдневието на Ѓоковиќ.

Во него се појавуваат и Пит Сампрас, Борис Бекер, Андре Агаси, Јелена Ѓоковиќ и Џим Куриер.

Поврзани содржини