🎥 ЌЕРКАТА НА БРУС ВИЛИС ГО ОТКРИ РЕЗУЛТАТОТ ОД ГЕНЕТСКИОТ ТЕСТ Румер решила да провери каков е нејзиниот ризик по дијагнозата на татко ѝ

Румер Вилис направи APOE тест поради семејната историја на деменција, а откри и дека ѝ недостасува другата верзија на нејзиниот татко Брус Вилис, онаа од пред дијагнозата на фронтотемпорална деменција.

143

Румер Вилис, најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, направила генетско тестирање откако нејзиниот татко беше дијагностициран со фронтотемпорална деменција.

38-годишната актерка за „People“ открила дека резултатот од тестот покажал дека има APOE 3/4, односно една копија од варијантата APOE4, која е поврзана со зголемен ризик од развој на Алцхајмерова болест.






– Прилично е просечно, но тоа значи дека постои одреден ризик, но не е нешто алармантно – вели Румер, која тестот го направила преку здравствената платформа Function. Таа објаснува дека нејзината семејна историја ја натерала посериозно да размислува за превентивни прегледи.

– Понекогаш е страшно да ги добиеш одговорите – признава таа, додавајќи дека во семејството има историја не само на деменција, туку и на рак на дојка и други заболувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Function Health (@function)


Сепак, резултатот не значи дека Румер има Алцхајмерова болест, ниту дека сигурно ќе ја добие. Националниот институт за стареење на САД наведува дека APOE4 го зголемува ризикот, но дел од луѓето кои ја носат оваа варијанта никогаш не развиваат Алцхајмерова болест. APOE3, пак, се смета за најчеста и вообичаено неутрална варијанта.

Особено е важно што тестот на Румер не е тест за фронтотемпоралната деменција од која боледува нејзиниот татко. FTD има различни генетски механизми, а според Американската асоцијација за Алцхајмерова болест околу една третина од случаите на фронтотемпорална дегенерација имаат наследна компонента. Најчесто се поврзува со промени во гените како GRN, MAPT и C9orf72.

Румер вели дека токму сознанието за сопствените здравствени ризици ѝ овозможува да биде попроактивна. Таа почнала повеќе да внимава на исхраната, воспалителните процеси во организмот и здравјето на срцето, а податоците од тестирањата ги носи и на лекарските прегледи.

– Кога имате информации, тоа е моќ – вели таа, објаснувајќи дека сака навреме да преземе се што може за своето здравје.

Но, зад нејзината одлука стои и многу лична причина. Румер отворено признава дека ѝ недостига татко ѝ таков каков што го памети од порано.

– Многу ми недостига татко ми. Ми недостига една поинаква верзија од него – вели таа, додавајќи дека има денови кои се особено тешки, но се обидува да биде присутна за него онаков каков што е денес. Во меѓувреме, семејството на Брус продолжува јавно да зборува за неговата состојба и за подигање на свеста за фронтотемпоралната деменција.

Поврзани содржини