ПОД КОНТРОЛА Е ПОЖАРОТ НА ЖЕДЕН КОЈ ГОРЕШЕ СО ДЕНОВИ Дел од чадот го чувствуваа и скопјани
Командирот на ТППЕ Тетово упати апел до граѓаните деновиве да пазат на сè што гледаат дека е запалено и да се јавуваат за противпожарните единици да бидат побрзи и за да не настане поголем проблем. Првиот човек на ДЗС ги пофали пожарникарите за огромната работа која ја завршиле, истакнувајќи дека се спасени и лозја и шума.
„Благодарение на храбрите и пожртвувани пожарникари од Тетово, пожарот којшто неколку денови беше активен на планината Жеден и којшто навлезе во аторот над село Бојане веќе можам да кажам дека е ставен по целосна контрола. Најверојатно ќе биде и целосно изгаснат“.
Вака изјави првиот човек на Дирекцијата за спасување (ДЗС) од терен заедно со командирот на тетовските пожарникари Авни Амети. Пожарот со денови им правеше проблем на тетовските пожарникари кои имаа и по 12 жаришта дневно.
– Со тоа значи дека и чадот којшто од овде се одеше во насока на Скопје и го чувствуваа скопјани на секаде низ градот значително ќе се намали. Овде со мене е командирот Авни, командир на тетовските пожарникари. Авни. Што се случуваше во текот на денешниот ден? – праша Стојанов.
Командирот објасни:
– Цел ден тука сме. Од сабајле се бориме. Видовте сами дека чадот беше многу имаше многу јачина на пожарот. А кога се приближи за ние да влез да влегуваме на тоа подрачје. Влегувавме, се бориме овде од утрово досега и може да кажувам дека 90% е изгасен пожарот. А фала богу што ја спасивме оваа шума што е овде надоле. За другото не знам што да кажам. Благодарение на вас, Ангелов, како директор на ДЗС за новите работи и опреми што ни ги донесовте. Голема благодарност од страна на противпожарна единица Тетово.
Ангелов одговори:
– Спасивте многу лозја. Овде надолу има многу лозја. Луѓето се благодарни кога доаѓам. Благодарни се до вас затоа што постоеше опасност да изгорат многу лозја овоштарници. Благодарам Авни.Продолжуваме
понатака.
Командирот на ТППЕ Тетово упати апел до граѓаните деновиве да пазат на сè што гледаат дека е запалено и да се јавуваат за противпожарните единици да бидат побрзи и за да не настане поголем проблем.
– Уморни ли сте Авни? – праша Ангелов.
– Уморни сме. Како што гледате со недели се бориме со огнот. Секој ден. Имаме околу 12 до 13 пожари преку ден.
– Тоа е огромна бројка. Страшен притисок за вас. Но, честитки уште еднаш за сите вас. Фала за целата тетовска дирекција – вели Ангелов, на што уште доби уште едно фала од ТППЕ Тетово.