ЕУ ОДОБРИ 6,1 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ОДБРАНАТА НА УКРАИНА Наменети се за системи за воздушна и ракетна одбрана, ракети, муниција и радари

Европа стои покрај Украина и ќе ѝ обезбеди што ѝ е потребно, кога ѝ е потребно - изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

74

Европската комисија одобри 6,1 милијарди евра ново финансирање за потребите на одбраната на Украина, објави прес-службата на Комисијата.

Финансирањето опфаќа системи за воздушна и ракетна одбрана, ракети, муниција и радари.






– На Денот на независноста на Украина, Европа покажува дека нашата поддршка е непоколеблива и конкретна. Денес одобривме 6,1 милијарди евра за системи за воздушна и ракетна одбрана, ракети, муниција и радари што итно ѝ се потребни на Украина. Додека Русија ги засилува своите напади, ја зголемуваме нашата поддршка за да ѝ помогнеме на Украина да го заштити својот народ и своето небо. Европа стои покрај Украина и ќе ѝ обезбеди што ѝ е потребно, кога ѝ е потребно – изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Финансирањето е дел од Заемот за поддршка на Украина (UASL) од 90 милијарди евра.

Средствата одобрени денеска доаѓаат покрај веќе одобрените планови за снабдување од 16 милијарди евра, од кои досега се исплатени 8,35 милијарди евра. Ова осигурува дека Украина навреме ќе ги добие критично потребните залихи.

Најголемиот дел од испораките ќе бидат производи од одбранбени компании на ЕУ. Со оглед на зголемената употреба на балистички ракети и беспилотни летала со млазен погон од страна на Русија, Комисијата ја нагласува потребата од значително зголемување на испораките на ЕУ преку обезбедување производи од постојните залихи, пренамена на постојните нарачки и зголемување на производството.

Заемот од ЕУ предвидува 30 милијарди евра буџетска поддршка и 60 милијарди евра за одбрана во 2026 и 2027 година, вклучувајќи 28,3 милијарди евра во 2026 година за зајакнување на капацитетите на украинската одбранбена индустрија.

Поврзани содржини