НАЈАВА ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ ПОПЛАДНЕ Услови за пороен дожд и во Скопската Котлина
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави локално невреме за денеска попладне проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот.
Во Скопје, денес попладне и утре во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.