МОТОРЏИЈА ЗАГИНА КАЈ МЕЏИТЛИЈА Жител на Новаци излетал од патот, починал на самото место
Несреќата била пријавена во СВР Битола во 20:30 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на 42-годишниот маж.
42-годишен маж од Новаци загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат меѓу селата Меџитлија и Старавина, во близина на Битола.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Битола во 20:30 часот.
Според пријавеното, 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци управувал мопед со битолски регистарски ознаки, кога од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.
Од здобиените повреди, мажот починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Битола.
Причините и околностите под кои се случила несреќата се утврдуваат.