СОПСТВЕНИКОТ НА „БАРОТ НА СМРТТА“ ВО КРАН МОНТАНА ЈА ПРЕТЕПАЛ СОПРУГАТА Тој завршил во притвор, таа во болница

Жак Морети е еден од главните обвинети по истрагата за пожарот што го зафати барот „Ле Констеласион“ во познатиот швајцарски скијачки центар на 1 јануари, во кој загинаа 41 лице, а 115 беа повредени.

189

Жак Морети, сопственик на барот „Ле Констеласион“ во Кран Монтана, каде што во катастрофален пожар загинаа 41 лице на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Според информациите од швајцарските медиуми, инцидентот се случил ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.






Жак Морети е уапсен по нападот и е задржан во притвор.

Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана.

Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Адвокатите на Жак и Џесика Морети, Јаел Аја, Николас Мејет и Патрик Мишо, рекоа дека новиот случај се води одвоено од случајот со катастрофалниот пожар во Кран Монтана.

– Овие настани, кои се истражуваат како дел од посебна постапка, се однесуваат исклучиво на нивниот приватен живот, поради што нема да коментираме за нив – рекоа адвокатите.

Тие нагласија дека инцидентот не треба да се поврзува со трагедијата во барот, но додадоа дека се случил во контекст на „исклучително тежок период со кој семејството Морети се обидува заедно да се справи“.

Жак Морети е еден од главните обвинети по истрагата за пожарот што го зафати „Ле Констеласион“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кран Монтана на 1 јануари.

Во пожарот загинаа 41 лице, а 115 беа повредени.

Жак и неговата сопруга Џесика се меѓу вкупно 16 обвинети во судењето за трагедијата. Тие се обвинети, меѓу другото, за убиство од небрежност, предизвикување пожар и нанесување тешки телесни повреди од невнимание.

Судењето не е почнато.

Поврзани содржини