СЕ ОТКАЖА ОД ПРЕЗИМЕТО НА ТАТКО Ѝ, И ТОА ВО ВЕСНИК! Ќерката на Бред Пит сака да стане само Вивиен Џоли

18-годишната Вивиен започна правна постапка за да го избрише „Пит“ од своето име, а конечната одлука ќе ја донесе судот во ноември

65

Вивиен Џоли-Пит, ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли, направи уште еден чекор кон официјално отстранување на презимето на својот татко. Осумнаесетгодишната Вивиен сака во иднина правно да се вика Вивиен Маршелин Џоли, без „Пит“ во презимето.

Иако можеби звучи необично, Вивиен морала да ја објави својата намера во весник. Според калифорнискиот закон, лицето кое сака официјално да го промени името мора да објави известување во весник четири недели по ред. Вивиен го објавувала известувањето во „Los Angeles Daily Journal“ на 24 и 31 јули, како и на 7 и 14 август.






Во судските документи како причина за промената стои само „лични причини“, без дополнително објаснување. Вивиен ја поднела петицијата во јули, само девет дена откако наполнила 18 години. Сега треба да се одржи судско рочиште на 2 ноември, кога судијата може да ја одобри промената доколку нема приговори.

Интересно е што Вивиен и порано јавно го избегнуваше презимето на својот татко. Во 2024 година, додека работеше со мајка ѝ на бродвејската претстава „The Outsiders“, во програмата беше наведена едноставно како Вивиен Џоли. Таа со избраното име го задржува и средното име Маршелин, во чест на нејзината баба од мајчина страна, Маршелин Бертран.

Вивиен не е единственото дете на поранешниот славен пар што сака да го отстрани презимето „Пит“. Нејзината сестра Шајло законски го промени името во 2024 година и стана Шајло Џоли. Мадокс и Захара годинава исто така започнаа постапки за промена на презимињата, а нивните рочишта се закажани за септември.

Семејната приказна на Бред Пит и Анџелина Џоли со години е проследена со жестоки судски спорови. Двајцата се разделија во 2016 година, а разводот беше окончан дури во 2024 година. Ниту Бред Пит ниту Анџелина Џоли досега јавно не ги коментирале детално постапките на своите деца за промена на презимето.

Поврзани содржини