ЛЕВИЦА Е ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Го прифаќа предизвикот на Мицкоски

Очекуваме голема поддршка и сериозен резултат, особено во Скопје и во урбаните средини – рече пратееникот Мециновиќ.

54

Левица прифаќа, подготвена е и повикува на предвремени парламентарни избори – изјави за ТВ Сител пратеникот од оваа партија Амар Мециновиќ.

– Левица ја прифаќа идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори и повикуваме на истите, затоа што сметаме дека, моментално, како политичка опција сме единствени кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството кои сметаат дека е време да почнеме да создаваме општество кое е поинаку замислено од ова што може политичките сили кои досега владееле, да ни го пружат. Очекуваме голема поддршка и сериозен резултат доколку се одржат избори, особено во Скопје и во урбаните средини.






Сметаме дека веќе ширум целата територија на Република Македонија имаме консолидирани гласови во изминатите пет години и не очекуваме никакви негативни осцилации. Напротив, очекуваме позитивни осцилации и дека во Скопје трендот кој го забележавме на локални избори ќе продолжи – истакна Мециновиќ.

Поврзани содржини