ВОЗОВИТЕ ЌЕ ВОЗАТ СО БРЗИНА ОД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Високите температури влијаат на челичните конструкции

Возењето со приспособена брзина до 50 километри на час овозможува поголема контрола, го намалува оптоварувањето врз шините и ја гарантира безбедноста на патниците и товарниот транспорт во најкритичните часови од денот.

78

Поради високите температури денеска е воведено превентивно ограничување на брзината во железничкиот сообраќај, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје.

Сообраќајот на пругите се одвива редовно, но во периодот од 11 до 17 часот брзината на движење на возовите е сведена на најмногу 50 километри на час за да се спречат деформации и инциденти поради проширување на шините на високите температури..






Возењето со приспособена брзина до 50 километри на час овозможува поголема контрола, го намалува оптоварувањето врз шините и ја гарантира безбедноста на патниците и товарниот транспорт во најкритичните часови од денот.

Поврзани содржини