ФИЛМОТ „СКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“ ВО ТРКА ЗА НАГРАДА Се прикажа на Сараевскиот филмски фестивал

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја следи единаесетгодишната Адела, која се обидува да ја заштити својата постара сестра Зара од притисоците на традицијата и средината.

83

Вториот долгометражен филм на режисерката Дина Дума, „Скејтбордингот не е за девојчиња“, ја имаше својата европска премиера во официјалната натпреварувачка програма на Сараевскиот филмски фестивал и е во конкуренција за престижната награда „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, во конкуренција од вкупно 9 остварувања.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја следи единаесетгодишната Адела, која се обидува да ја заштити својата постара сестра Зара од притисоците на традицијата и средината.

– Филмот има своја историја со Сараево. Во 2022 година, додека сè уште беше проект во развој, на „CineLink Co-Production Market“ освои две награди во вкупна вредност од 20.000 евра. Четири години подоцна се враќа на фестивалот како завршен филм и бележи одличен прием кај публиката. Засега води во рангирањето на играните филмови според гласовите на публиката, а конечните резултати се очекуваат вечерва. Филмот беше прикажан и во програмата за млади – стои во соопштението.

Како што стои во соопштението од продукцијата „Сестри и брат Митевски“, покрај долгометражниот филм на Дума, серијата „Мала Југославија“ во режија на Теона Стругар Митевска и Соња Просенц, ја освои наградата „Female Voices CineLink Award“. Филмот е продуциран од Лабина Митевска и реализиран со поддршка на Агенцијата за филм.






Поврзани содржини