СРЕДСТВАТА СО КОИ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ СЕ ЦЕЛОСНО БЕЗБЕДНИ ЗА ЛУЃЕТО Во Скопје има 34 ризични подрачја за западнонилската треска

Во Скопскиот Регион се лоцирани 34 подрачја со ризик од ширење на западнонилската треска, од кои 13 се високоризични, меѓу нив канали, септички јами, отпади со стари гуми и гробишта. Средствата со кои се прска се целосно безбедни за луѓето, вели министерот за здравство.

89

Средствата со кои се прска против комарци се комплетно безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација, апелираше министерот за здравство на денешната прес-коференција во врска со западнонилската треска.

Oдговарајќи на новинарско прашање Клековски рече дека Грција ја препорачува употребата на Bacillus thuringiensis, кој таргетира само ларви на комарци, не таргетира ниеден друг инсект.






Тој појасни дека во Скопскиот Регион има 34 ризични подрачја, од кои 13 се високоризични. Досега се починати четири лица, а регистрирани се 43 случаи од кои 40 се дефинитивно потврдени.

– Овој состанок што го одржавме со градоначалниците практично е надградба на претходните активности на град Скопје. Во моментот работиме со 34 ризични подрачја, од кои 13 се високоризични. Ризичноста се проценува според два критериуми, а тоа е застоеноста на водата и високото ниво на органска материја – потенцираше Клековски.

Министерот посочи дека првото ларвицидно прскање во Град Скопје било на 7 мај годинава.

– Еден до два километри е радиусот на движење на комарците. целта на состанокот е да ги лоцираме овие подрачја.

Клековски вели високоризични се каналите во Скопско Поле, како Серава, Јурумлери, Стајковци, Сингелиќ и Гази Баба. Висок ризик се и септичките јами, како и улиците и места кои имаат голем број септички јами. Исто така министерот ги спомна како ризчни и отпадите за стари гуми и гробиштата.

– Старите гуми и отпадите за стари гуми, ако не се соодветно чувани, се идеални престојувалишта за комарците.

Исто така, појасни, ризик се и расипани хидранти, саксии со цвеќе надвор што се чуваат, стари буриња со дождовница итн, односно ризикот е застоена вода.

Потенцира дека како се додаваат високоризичните места, а тоа ќе се прави со геомапирање ќе се организираме прскање на тие места, а бидејќи Центарот за јавно здравје е одговорен за најголем дел од подрачјето на Град Скопје за земјеното прскање и е со ограничен капацитет, денеска се сретнале со претставници на Здружението Пест контрол кои ставаат на располагање 12 возила и пет дронови за земјено прскање како општествена одговорност од нивна страна.

Поврзани содржини