УЧЕНИЧКА КОШНИЧКА ЌЕ ИМА И ПРЕД ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА Владата во вторник ќе реши што таа ќе содржи

Со владината мерка се очекува да се намали финансискиот товар за семејствата во периодот пред почетокот на учебната година, кога трошоците за опремување на учениците традиционално се зголемуваат.

26

Во вторник владата ќе донесе одлука за овогодинешната училишна кошничка, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп.

-На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците – рече Мицкоски.






Мерката исто како и минатата година, ќе ги опфати основните училишни материјали што најчесто се купуваат пред почетокот на учебната година, меѓу кои ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, блокови, како и материјали за ликовно и техничко образование.

Со владината мерка се очекува да се намали финансискиот товар за семејствата во периодот пред почетокот на учебната година, кога трошоците за опремување на учениците традиционално се зголемуваат.

Поврзани содржини