СЕКОЈ ДЕН ГОСТИВАРЦИ ДОБИВАА ПО 70 ТОНИ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ Владата за оваа намена потроши 97.000 евра

Владата интервенираше уште  од првиот ден откако се појави проблемот со водоснабдувањето на Гостивар, вели Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи.

62

Владата интервенираше уште  од првиот ден откако се појави проблемот со водоснабдувањето на Гостивар, вели Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи.

На граѓаните на Гостивар во континуитет им беа доставувани најмалку по два шлепери вода дневно, односно околу 70 тони.






– Се издвоија околу 6 милиони денари (околу 97.000 евра) за целата оваа постапка. Можам да кажам дека во континуитет доставуваме по два шлепери, некогаш имаше и одредени поголеми количини, бидејќи имаше и компании коишто донираа дополнителни количини вода. Мислам дека покривме целосно за граѓаните, беше доволно, бидејќи кон крајот, како завршуваа деновите, дел од граѓаните имаа обезбедено и поголеми количини во своите домови – рече Томовски.

 

 

Поврзани содржини