ДУИ ПОВИКУВА НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Да се распушти Собранието, да се определи датумот

Доколку понудата на премиерот е сериозна, нема причина за одложувања, изговори или политички калкулации – пишува ДУИ во соопштение.

158

Демократската унија за интеграција со соопштение ја поздрави подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата.

„Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат.






Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, нарушувањето на Охридскиот договор и слабеењето на застапеноста на Албанците во институциите.

Затоа ДУИ бара изјавата на премиерот веднаш да се претвори во конкретно дејствување.

Бараме во наредните денови да се утврди најбрзиот уставен рок, да започнат изборните подготовки и на граѓаните да им се даде можност да одлучат за насоката во која ќе се движи државата.

Доколку понудата на премиерот е сериозна, нема причина за одложувања, изговори или политички калкулации. Опозицијата го даде својот одговор. ДУИ е подготвена. Да се распушти Собранието, да се определи датумот, да одиме на избори“ – се вели во соопштението на ДУИ.

Поврзани содржини