ЗА МОБИЛНАТА АПЛИКЦИЈА НА ЦЕНТАР ИМАЛО САМО ЕДНА ПОНУДА Банов обвини за однапред склучен договор зад затворени врати

79

Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, го обвини градоначалникот на Центар Горан Герасимовски дека од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добил само една понуда на тендер.

– Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари. Оттука, логично е дека во следните 3 години, наместо нови паркови, чисти улици, реконструкција на училишта и градинки, центарци ќе платат близу 20 милиони денари, за мобилна апликација која Герасимовски ја прави, само за да ги удоволи бизнис интересите на СДС. Очекуваме одговори од Герасимовски и СДС, дали тие сметаат дека е оправдано набавката со проценета вредност од 6,6 милиони денари да заврши со само една понуда, без реална конкуренција? – рече Банов.






Тој прашува што добиваат граѓаните за 100.000 евра годишно дадени за мобилна апликација.

– Јавните пари не се ничии туѓи пари. Тоа се парите на граѓаните. И за секој потрошен денар мора да има јавно оправдување – додаде Банов.

Поврзани содржини