СНАБДУВАЊЕТО СО СТРУЈА НАРЕДНИТЕ НЕДЕЛИ ЌЕ БИДЕ КРИТИЧНО ВО ЕВРОПА Најнеизвесно ќе биде во Централна и Југоисточна Европа

Европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен вели дека засега безбедноста на снабдувањето со електрична енергија е стабилна и дека во моментов нема краткорочни ризици за снабдувањето, но предупреди дека се очекува ситуацијата да остане напната во наредните недели.

53

Ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија во Европската Унија би можела да биде затегната во наредните недели поради последиците од неодамнешните топлотни бранови, изјави европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен.

Според него, безбедноста на снабдувањето со електрична енергија е стабилна и дека во моментов нема краткорочни ризици за снабдувањето, но предупреди дека се очекува ситуацијата да остане напната во наредните недели.






„Постојаните високи температури и рекордно ниските нивоа на водата негативно влијаат врз производството и потрошувачката на електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа“, напиша Јоргенсен на социјалната мрежа X.

Високите температури ја зголемуваат потрошувачката на електрична енергија поради зголемената  употреба на клима уредите, додека ниското ниво на водата на реките во исто време го отежнува работењето на одредени термоелектрани и хидроелектрани и ги намалува расположливите капацитети за производство на електрична енергија. Проблемот е поизразен во Централна и Југоисточна Европа, каде што во последните недели се забележани екстремно високи температури и неповолни хидролошки услови.

 

Поврзани содржини