БРАЗИЛСКИОТ ФУДБАЛСКИ АС СТАНАЛ МУСЛИМАН? Стигна честитка од Турција, Kaрлос молчи

Турски пратеник му честитал за наводната одлука по средба со муслиманската заедница во Сао Паоло. Самиот Карлос досега јавно не ја потврдил информацијата.

139

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос наводно го прифатил исламот пред околу четири недели во Бразил. Веста ја пренеsoa турски медиуми, но од самиот Карлос засега нема јавна потврда.

Информацијата ја објави Али Шахин, пратеник од турската Партија на правдата и развојот. Тој престојувал во Сао Паоло и се сретнал со претставници на тамошната муслиманска заедница.






Шахин потоа му честитал на Карлос на социјалните мрежи. На него и на неговото семејство им посакал мир, здравје и благосостојба.

Средбата се одржала во Исламската добротворна младинска лига на Бразил. Присуствувале претставници на повеќе исламски, образовни и хуманитарни организации.

Сепак, клучната потврда oд Карлос недостига. Информацијата доаѓа по шпекулациите дека тој се оженил со фудбалската агентка Суфајла Ат Тохири, која има мароканско потекло и живее во Шпанија.

Со неа беше фотографиран во август. Бразилските медиуми напишаа дека тој се разделил од првата сопруга во јануари 2025 година.

Пензионираниот Карлос е еден од најпознатите леви бекови во историјата на фудбалот. Најголемиот дел од европската кариера го помина во Реал Мадрид.

Бразилецот во 2007 година се пресели во Фенербахче. Таму стекна голема популарност меѓу турските навивачи. Во тој период настапуваше за клубот.

Првпат се повлече од играњето во 2012 година, но во 2015 се врати накратко како играч-тренер на Делхи Динамос и одиграл три натпревари.

Поврзани содржини