230 СРЕДНОШКОЛЦИ ОД СКОПЈЕ БЕСПЛАТНО ЌЕ КАМПУВААТ ВО ОХРИД Една недела ќе минат во креативна атмосфера и во научни истражувања

Во рамки на програмата се предвидени научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културни и креативни активности, како и спорт и рекреација.

61

Денеска започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје, соопшти Град Скопје.

Како што е соопштено, првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде што во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства.






– Целта на кампот е младите да го поминат летниот период на креативен и едукативен начин, преку активности кои ги поттикнуваат нивната љубопитност, критичкото размислување, тимската работа и личниот развој – велат од Градот.

Во рамки на програмата се предвидени научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културни и креативни активности, како и спорт и рекреација.

– Особено внимание ќе биде посветено на развојот на лидерските, комуникациските и презентациските вештини. Учениците ќе имаат можност да работат во тимови, да разменуваат идеи, да ги претвораат своите замисли во конкретни проекти и да стекнуваат поголема самодоверба – појаснуваат од Градот.

Покрај едукативната програма, учесниците ќе имаат можност да го запознаат богатото културно и историско наследство на Охрид, да разменуваат искуства со своите врсници и да создадат нови пријателства и спомени.

Од 25 до 31 август, во Охрид ќе престојува и втората смена, составена од дополнителни 115 ученици.

Поврзани содржини