БАНКАР ЗЕЛ РЕЧИСИ 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ И 63.350 ЕВРА Гевгеличанец пријавен за проневера, 13 пати пристапувал до туѓи сметки
Полицијата го сомничи 52-годишниот вработен дека во 13 наврати, во период од ноември 2025 до март 2026 година, пристапувал до сметки на двајца корисници без нивен налог.
52-годишен жител на Гевгелија, вработен како стручен соработник во експозитура на банка, заработи кривична пријава поради сомнение дека во неколку наврати неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил пари во вкупна вредност од речиси пет милиони денари и над 63.000 евра.
Според пријавеното, К.К. во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година, во 13 наврати, присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата.
Како што информира МВР, 52-годишникот без налог од корисниците пристапувал до нивните денарски платежни сметки.
Со ваквото постапување, според сомненијата на полицијата, тој предизвикал материјална штета на банката.
Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „проневера во службата“.