СДСМ САМО ШИРИ ХИСТЕРИЈА И ПАНИКА ВО ГОСТИВАР Со конкретни мерки Владата ја надмина кризата со водата за пиење

Тоа што беше под надлежност на централната власт, во најкус можен рок беше преземено, што резултираше за нецели четири недели градот да се врати во нормала со безбедна питка вода и целосно исчистен водоводен систем, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНБЕ.

31

Проблемот со водата во Гостивар е под надлежност на локалната власт, градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

„А, СДСМ во Гостивар е коалиција и дел од локалната власт, за што и самиот Венко Филипче си кажа кога бараше што поголем број партиски членови да се мобилизираат за да гласаат на локалните избори за Валбон Лимани. Затоа што заедно се дел од власта, СДСМ не бара ниту оставка, ниту го повикува на одговорност Лимани“, се вели во реакцијата.






Надлежните истражни органи водат постапка, целиот случај се истражува, а во предметот веќе се опфатени и веќе се приведени раководители на комуналното претпријатие под чија надлежност е снабдувањето на гостиварци со безбедна вода за пиење, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што беше под надлежност на централната власт, во најкус можен рок беше преземено, што резултираше за нецели четири недели градот да се врати во нормала со безбедна питка вода и целосно исчистен водоводен систем. И кога СДСМ зборува за шишиња вода, повторно ги прашуваме, колку шишиња вода однесоа во Гостивар во моментите кога на граѓаните им беше најтешко. Нормално, ниту едно. Додека СДСМ беше зафатен со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а гостиварци секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода. Оттука многу јасно е дека срамот е единствено на талогот на СДСМ. Освен хистерија, конструкции и паника, граѓаните на Гостивар од нив не видоа ни една капка вода“, се вели во реакцјата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ денеска сооопшти дека ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар ќе слави годишнина од основањето на општинскиот комитет и ја обвини дека „го отрула целиот град“.

Поврзани содржини