МОСКВА МУ СЕ ЗАКАНИ НА ЛОНДОН Снабдувањето на Киев со британски дронови ќе има последици

Руската амбасада во Велика Британија објави дека „Лондон свесно избира да ја ескалира украинската криза“ .

184

Москва ѝ се закани на Велика Британија со „последици“ по обвинувањата дека британски беспилотни летала биле употребени за првпат за напад врз цели на руска територија.

Украина користела беспилотни летала произведени од две британски компании за напад врз цели длабоко во Русија, објави „Сандеј тајмс“.






Руската амбасада во Велика Британија објави дека „Лондон свесно избира да ја ескалира украинската криза“ и го обвини Лондон дека „се стреми да ја ограничи Русија и да ѝ нанесе максимална штета преку посредници“.

„Дејствијата на Лондон неизбежно ќе имаат последици. Колку подлабоко е вклучен во конфликтот и колку е поголема неговата поддршка за терористичката машинерија на Киев, толку е поголема цената што ќе ја плати“, се наведува во соопштението.

Портпаролот на британското Министерство за одбрана изјави дека неговата земја стои рамо до рамо со Украина, обезбедувајќи ѝ ја потребната опрема за одбрана од нелегалната инвазија.

Поврзани содржини