БРОЈНИ ПОВИЦИ ЗА УГИНАТИ ПТИЦИ СТАСАЛЕ ДО АХВ Алармантно е ако на едно место во кратко време се најдат повеќе угинати птици

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат особено внимание да се посвети доколку на исто подрачје и во краток временски период се забележат поголем број угинати гаврани или други диви птици.

270

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е преплавена со повици и пријави за угинати птици. На бесплатната телефонска линија, на електронската адреса и преку други канали пристигнале стотина пријави од граѓани. Од АХВ апелираат да не се создава непотребна паника при појава на поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици, пишува Дојче веле.

Од Агенцијата посочуваат дека особено внимание треба да се посвети доколку на исто подрачје и во краток временски период се забележат поголем број угинати гаврани или други диви птици. Во такви случаи, граѓаните треба да ја известат надлежната служба и да избегнуваат директен контакт, допирање или преместување на угинатите птици.






– Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано ја следи состојбата и, согласно проценката на ризикот, ги презема потребните мерки за надзор, земање примероци и лабораториски испитувања – велат од АХВ.

Министерот за здравство Сашо Клековски вчера упати апел до граѓаните, доколку забележат мртва дива птица, особено гавран, да го пријават случајот во Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Најчести резервоари на западнонилската треска се гавраните. Имаме апел за пасивно пријавување, односно сите граѓани кои ќе најдат мртва дива птица, гавран или која било друга птица, да ја пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство. Мора да бараме кои се можните резервоари на болеста – рече Клековски.

 

Поврзани содржини