166 КАЗНИ ЗА ПЕШАЦИ ЗА САМО 6 ЧАСА Дури 137 преминувале улица каде што не смееле

Дури 137 пешаци биле казнети затоа што ја преминувале улицата надвор од пешачки премин. Полицијата открила и 167 други сообраќајни прекршоци.

48

Полицијата казнила 166 пешаци за само шест часа во акција низ цела Македонија. Дури 137 биле санкционирани затоа што ја преминувале улицата надвор од пешачки премин.

Контролата траела од 9 до 15 часот и била спроведена низ целата држава.






Полицијата во истата акција открила и 167 други сообраќајни прекршоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелирале пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин.

„Непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано“, порачаа од министерството.

Поврзани содржини