ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА „МОЈДДВ“ Скенирачите можат да ги проверат сметките

Од УЈП ги повикуваат корисниците да продолжат со скенирање на фискалните сметки и во наредниот период, со што повторно ќе можат да остварат право на поврат.

38

Граѓаните кои скенираат сметки од денеска може да го очекуваат повратот на дел од платениот данок на додадена вредност (ДДВ). Управата за јавни приходи ја започна исплатата за второто тримесечје.

Повратот се пресметува врз основа на скенираните фискални сметки, а износот што го добива секој корисник зависи од реализираните купувања и правилата на мерката, а исплатата оди на трансакциска сметка на корисникот.






Од УЈП ги повикуваат корисниците да продолжат со скенирање на фискалните сметки и во наредниот период, со што повторно ќе можат да остварат право на поврат.

Граѓаните кои очекуваат средства од оваа исплата можат да ја проверат својата трансакциска сметка и да видат дали повратот веќе им е уплатен.

Поврзани содржини