📽️ ШТО ПИЕ АНИСИМОВА СРЕДЕ МЕЧОТ? Коментаторите не можеа да погодат, социјалните мрежи зовреа

Американката направи пресврт против Александра Еала, но еден момент од паузата меѓу гемовите привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

366

Американската тенисерка Аманда Анисимова привлече големо внимание на социјалните мрежи за време на мечот против Александра Еала на турнирот во Синсинати, и тоа не само поради победата.

Анисимова славеше со 2-1 во сетови, со пресврт и резултат 4-6, 6-4, 6-2, со што обезбеди пласман во осминафиналето.






Сепак, еден нејзин потег за време на паузата меѓу гемовите го привлече вниманието на гледачите и коментаторите.

Американката зеде пластична чаша со пенлив пијалак и се напи, по што веднаш започнаа шпекулации на социјалните мрежи дека среде тениски меч пие пиво. И самите коментатори се обидуваа да погодат што точно има во чашата.

 

Без оглед на дилемата околу пијалакот, Анисимова успеа да го сврти мечот во своја корист. По загубениот прв сет, Американката ги освои следните два и ја елиминираше Еала.

Потегот со „мистериозниот пијалак“ сепак го направи мечот дополнително интересен и веднаш стана една од најсподелуваните сцени од турнирот.

Поврзани содржини