ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД ВО ОРМУЗ, ПОВРЕДЕНИ ЧЛЕНОВИ НА ЕКИПАЖОТ Не се кој го истрелал проектилот, ниту под чие знаме пловел бродот

59

Брод што излегувал од Ормуската Теснина кон Оманскиот Залив бил погоден со неидентификуван проектил, при што било оштетено машинското одделение на пловилото и биле повредени членови на екипажот, соопшти Британската организација за поморски трговски операции (UKMTO).

На повредените морнари им помогнала оманската крајбрежна стража. Засега нема пријавено последици врз животната средина.






Не е познато кој го истрелал проектилот, ниту под чие знаме пловел бродот.

Инцидентот се случува во услови на значително намалена пловидба низ Ормуската Теснина. Според агенциите, во моментов дневно минуваат помалку од десет бродови, наспроти повеќе од 130 дневно пред почетокот на војната со американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари годинава.

Поврзани содржини