НЕ ПОСТОИ ТАКВА ИЗЈАВА НА МУЦУНСКИ Во СДСМ се обидоа да произведат изјава на министерот

Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело, соопшти ВМРО-ДПМНЕ за наводите на СДСМ дека министерот за надворешни работи изјавил дека разговори со Бугарија се водат „под радарот“.

450

СДСМ денес повторно се обиде да произведе изјава што министерот Муцунски никогаш не ја дал, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во реакција насоопштение на СДСМ.

„СДСМ тврди дека Муцунски рекол дека разговорите се водат ‘под радарот’. Има само еден мал проблем: таква изјава нема“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со гостувањето на министерстов за надворешни работи Тимчо Муцунски на ТВ Сител.






„Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДСМ: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Партијата очекува Венко Филипче да објасни како СДСМ успеал од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт.

„Во демократијата имаме право на сопствено мислење. Немаме право на сопствени факти. А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е ‘под радарот’. Сите го гледаат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини