ЌЕРКАТА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СПИСКА 10.000 ЕВРА ЗА 20-ТИОТ РОДЕНДЕН Лара направи забава во елитен ресторан во Кан
Лара Чолиќ, помладата ќерка на популарниот пејач Здравко Чолиќ, го прослави влегувањето во третата деценија од животот на една од најексклузивните светски дестинации.
Помладата ќерка на Здравко Чолиќ наполни 20 години и потроши 10.000 евра за резервација во елитен ресторан на познатиот булевар Ла Кроазет, во марината Порт Канто во Кан, во кој се собира светскиот џет-сет.
Пејачот има две ќерки (Уна и Лара) и не крие дека се разгалени, а тој се труди да им ја исполни секоја желба.
За разгаленоста на ќерките на Чола често пишуваат и српските медиуми, кои тврдат дека двете девојки трошат премногу пари и дека често немаат граница.
Најновата потврда за тоа е токму прославата на 20-тиот роденден на Лара која за забавата го избрала токму Baoli, место кое се смета за едно од најпрестижните на Медитеранот. Објектот комбинира ресторан со висока кујна, коктел-бар на покривот со панорамски поглед на Канскиот Залив и ексклузивен ноќен клуб. Во текот на вечерта, просторот функционира како елегантен ресторан опкружен со палми, додека околу полноќ атмосферата се трансформира во клуб за забави. Ексклузивноста на ова место се потврдува и со фактот дека минималната потрошувачка за резервација на маса е 1.500 евра за стандардни седишта, до 10.000 евра во ВИП зоната.
Лара на Инстаграм Стори објави неколку провокативни фотографии со роденденската торта – бела, со црни детали и натпис „Fuck, I’m already 20“.
Фотка од забавата на Лара, објави и нејзината постара сестра, Уна.
