🎥 ИМА САМО 18 ГОДИНИ, 229 САНТИМЕТРИ И НЕ Е ТРАПАВ! Млад австралиски кошаркар го привлече вниманието на скаутите

Доколку продолжи да напредува со ова темпо, Џеј-Кеј Мач наскоро би можел да стане нова голема ѕвезда на светската кошарка и еден од најинтересните кандидати на претстојните НБА драфтови.

2

Кошаркарскиот свет не престанува да зборува за новиот австралиски кошаркар Џонгкуч Мач – има само 18 години, а со својот неверојатен изглед и талент веќе го привлече вниманието на најголемите светски скаути на престижниот кошаркарски камп во италијански Тревизо.

Како што пренесува официјалната страница на австралиската НБЛ лига, Мач во Тревизо го привлекол вниманието на сите присутни. Но, она што најмногу ги охрабрува стручњаците не е само неговата висина, туку и фактот дека за своите физички предиспозиции покажува завидна подвижност, чувство за простор и техника на шут, која не е вообичаена за играчи со таква висина.






Младите центри со вакви физички карактеристики обично се побавни и често имаат проблеми со координацијата, но Мач на теренот делува исклучително подвижно. Неговиот распон на рацете му овозможува со голема леснотија да го штити кошот, додека во нападот претставува речиси нерешлива енигма за противничките одбрани.

Скаутите веќе внимателно го следат неговиот развој. Пред него е долг пат на работа на физичката сила и приспособување на сениорската кошарка, но стручњаците се согласуваат дека, доколку го одминат повредите и продолжи да напредува со ова темпо, Џеј-Кеј Мач наскоро би можел да стане нова голема ѕвезда на светската кошарка и еден од најинтересните кандидати на претстојните НБА драфтови.

@acurrentaffair9 JK Mach’s height means he stands out wherever he goes and has set his sights on playing basketball in the NBA. #9ACA ♬ original sound – A Current Affair

Поврзани содржини