📽️ОГНЕНА ДРАМА КАЈ АНТАЛИЈА Голем шумски пожар се шири, хеликоптери и авиони во битка со пламените

Шумски пожар избувна во близина на Анталија, а во неговото гаснење се ангажирани хеликоптери, авиони, десетици противпожарни возила и повеќе од 130 шумски работници. Во меѓувреме, големи пожари продолжуваат да беснеат и во Шпанија, Италија и Франција.

284

Голем шумски пожар избувна во близина на Анталија, во Турција, а противпожарните екипи водат интензивна битка за да го стават под контрола.

Пожарот избувнал во шумска област кај населбата Узумлу, од засега непознати причини.






По пријавата, на терен веднаш биле испратени екипи на Регионалната дирекција за шумарство во Анталија и противпожарните служби.

 

Во гаснењето на пожарот учествуваат шест хеликоптери, три авиони, 14 противпожарни возила, пет цистерни за вода, две интервентни возила и 135 шумски работници.

Надлежните соопштија дека пожарникарите продолжуваат со гаснењето и од воздух и од земја, бидејќи силниот ветер дополнително го поттикнува ширењето на огнената стихија.

 

Во меѓувреме, големи шумски пожари веќе неколку дена беснеат и во Шпанија, Италија и Франција.

Пожарите во шпанските области Авила, Мадрид и Толедо принудија околу 90.000 луѓе да бидат евакуирани или да останат изолирани, додека пожарот во Авила стана најголемиот во поновата историја на Шпанија, со околу 50.000 изгорени хектари, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.

Пожарите сè уште се активни, а нивното локализирање е дополнително отежнато поради силните налети на ветер. Иако за време на викендот е забележано извесно подобрување на состојбата, противпожарните служби предупредуваат дека ситуацијата останува сериозна и дека огнените стихии сè уште не се целосно ставени под контрола.

Поврзани содржини