ИМАМ ЛОША ВЕСТ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА, НЕМА ДА БАНКРОТИРАМЕ! Мицкоски за нападите дека државата се задолжува зашто е пред банкрот

Исто така имам уште една лоша вест за нив, во август тие средства ќе бидат вратени од страна на ЈПДП на овие три институции – рече Мицкоски.

0

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на гостувањето во поткастот „Риштази“ се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и поради тоа се прават позајмици од М-НАВ, МЕПСО и Лотарија на Македонија.

– Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ограбен систем, понижен систем, систем којшто беше тотално нефункционален.






Инаку, тоа што овие три државни институции ѝ помогнаа на една друга државна институција е 256 пример во историјата на оваа земја, бидејќи 255 пати во минатото, вклучително и претходната влада, постапувала на ист начин. Исто така имам уште една лоша вест за нив, во август тие средства ќе бидат вратени од страна на ЈПДП на овие три институции – рече Мицкоски.

Поврзани содржини