30 ДЕНА ПРИТВОР ДОБИ МАКЕДОНКАТА ШТО ПРЕГАЗИ КУЧЕ ВО УЛЦИЊ По прегазувањето плачела и барала помош за своето задавено милениче
Според Кривичниот законик на Црна Гора на Стојановска ѝ се заканува парична казна или затвор до 2 години.
Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝодреди мерка притвор до 30 дена на Сашка Стојановска (43), Македонката што прегази шарпланинец откако тој го задави нејзиниот миленик. Притворот, според црногорските медиуми, е одреден во саботата, поради основано сомнение дека во петокот таа извршила кривично дело Убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште.
Претходно, Основното државно обвинителство во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 72 часа на Стојановска и до Основниот суд во Улцињ поднесе предлог за притвор поради сомнение дека со возило „мерцедес“ го прегазила и го убила кучето од расата шарпланинец, во близина на булеварот Теута.
„На 25 јули 2026 година, истражниот судија на Основниот суд во Улцињ одреди притвор до 30 дена на осомничената С.С. (43) од Скопјe , поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело Убивање и мачење животни, по член 309 став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора. Имено, како што е основано сомнение, осомничената прегазила и убила куче од расата шарпланинац со своето возило. Притвор на осомничената ѝ е одреден врз основа на член 448 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка поради постоење на околности што јасно укажуваат на опасност осомничената да избега и со тоа да го попречи понатамошниот тек на постапката“, информира Одделот за односи со јавноста на Основниот суд во Улцињ.
Според Кривичниот законик на Црна Гора на Стојановска ѝ се заканува парична казна или затвор до 2 години.
Таа беше уапсена во петокот, 24 јули, додека наводно се обидувала да избега од Црна Гора.
На социјалните мрежи беше објавено вознемирувачко видео од прегазувањето, што предизвика бурни негативни реакции, поделени мислења, но и говор на омраза и повик за линч на Стојановска.
Полициската управа вечерта по објавата информираше дека полицијата во Улцињ, преземајќи координирани мерки и дејствија, брзо ја идентификувала, пронашла и, по наредба на обвинител од Улцињ, ја уапсила С.тојановска.
„По извршувањето на кривичното дело, таа имала намера да ја напушти територијата на нашата земја, но полицијата ја спречила во тоа“, се вели во соопштението.
Во петокот околу 15:15 часот, сопственикот на шарпланинецот го известил одделот за итни случаи на Одделот за безбедност во Улцињ дека претходно непознато лице, управувајќи бел „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, намерно го прегазило кучето на улицата и го убило.
Според информациите на „Вијести“, Македонската го убила шарпланесот откако тој го убил нејзиното куче во населбата Улцињско Поле.
Веднаш потоа, таа го блокирала тесниот пат помеѓу два блока згради, плачејќи и барајќи помош за своето милениче ши-цу. Работник од блискиот хотел В.Б. ѝ притрча на помош, го зел рането куче во раце и заедно со неа се одвезе до првата ветеринарна установа.
Сепак, поради сериозноста на повредите и колапсот во сообраќајот, кучето не стигнало до ветеринарната клиника.
„Ќе го направев истото повторно. Само да знаев, ќе се обидев да му помогнам на друго несреќно куче, шарпланинецот. Но, за жал, се чини дека немаше начин ниту него да го спасам. Па, поради нечија невнимателност и неразбирлив став кон животните, починаа две невини кучиња“, изјавила потресена и низ солзи В.Б. за „Вијести“ малку подоцна по настанот.
Ќерката на Стојановска во изјава за Сител рече дека прегазениот шарпланинец го нападнал и го усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на семејството. Според неа, шарпланинецот влегол во нивниот апартман, го распарчал миленикот, а потоа ги нападнал и нив. Потоа сопственикот на шарпланинецот со толпа негови пријатели им се заканувал пред апартманот. Ќерката тврди дека прегазувањето било обид жената да ги одбрани децата и своето милениче.