ТАРИК ФИЛИПОВИЌ ВО НЕОБИЧНА УЛОГА НА ВИСТИНСКА СВАДБА Хрватскиот актер и водител ги изненади сите и ја презеде улогата на матичар

Внуката на Лејла Филиповиќ, Самра, му го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер Урош на свеченост во Црна Гора, а Тарик ја презеде улогата на матичар и симболично ги венча младенците

68

Во семејството Филиповиќ изминатиот викенд поминал во знакот на љубовта и славењето. Внуката на Лејла Филиповиќ, Самра, стапила во брак со својот долгогодишен партнер Урош, а романтичната церемонија се одржала во Каменари, во Црна Гора, со прекрасен поглед кон Бока Которска.

Посебно внимание na свадбата привлекол Тарик Филиповиќ, кој за оваа пригода накратко ја заменил актерската сцена со улогата на матичар и симболично ги венчал младенците.






Овој момент ги воодушевил гостите, а поранешната Мис на Хрватска, неговата сопруга Лејла Филиповиќ, дел од атмосферата сподели и со своите следбеници на Инстаграм.

– Вчера имавме прекрасна свадба – напиша таа покрај серија фотографии и видеоснимки од прославата.

Во една од објавите го покажа и моментот кога невестата му приоѓа на идниот сопруг, додека Тарик ја чека во улога на матичар.

Невестата Самра е ќерка на сестрата на Лејла, Џенана. Поранешната Мис на Хрватска има и сестра по име Амела, а нивната мајка Фехма ги одгледала сама откако како девојчиња останале без татко.

Поврзани содржини