ИРАН ВЕЌЕ НÈ НАПАДНА, ТВРДИ ЗЕЛЕНСКИ Украинскиот претседател со тешки обвинувања кон Техеран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Иран практично ја нападнал Украина уште во 2022 година, снабдувајќи ја Русија со дронови „Шахед“ и технологија за нивно производство.

239

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го обвини Иран дека директно придонел во војната против Украина, испорачувајќи ѝ на Русија беспилотни летала „Шахед“ и технологија за нивно производство.

Во интервју за британскиот телевизиски канал „Скај њуз“, Зеленски изјави дека Техеран уште од почетокот на руската инвазија во 2022 година ја снабдувал Москва со воена технологија.






– Од првата година на војната (2022), Иран ја снабдуваше Русија со нови технологии, вклучително и илјадници дронови „Шахед“, пред да ѝ издаде лиценци за нивно производство – рече Зеленски.

На прашањето дали смета дека Иран ја нападнал Украина, тој одговори:

„Дали нè нападнаа? Мислам дека да. Значи, веќе го направиле тоа“.

Зеленски, кој денеска престојува во официјална посета на Велика Британија, изјави и дека Иран и Северна Кореја уште од почетокот на инвазијата ја поддржуваат Русија без каква било претходна провокација од страна на Украина.

Според украинскиот претседател, Пјонгјанг ѝ испорачал на Москва дронови, ракети, артилериски гранати од 155 милиметри, како и 10.000 војници.

Сепак, Зеленски повика да не се носат избрзани одлуки што би можеле да отворат нов фронт, нагласувајќи дека Украина мора да биде подготвена за можно интензивирање на руските напади.

Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, вчера го обвини Зеленски дека е одговорен за нападот врз ирански трговски брод, при што загинал еден морнар.

Арагчи предупреди дека тој напад „нема да остане без одговор“, истовремено отфрлајќи ги украинските обвинувања дека Иран воено ја поддржува Русија.

Поврзани содржини