ДРАМА СРЕДЕ БРАКОРАЗВОДНА ПОСТАПКА Мажот ја пријавил сопругата дека го тепала, а таа го тврди обратното

Маж од Крива Паланка и неговата сопруга од Штип, кои се во бракоразводна постапка, меѓусебно се пријавиле во полиција, тврдејќи дека биле физички нападнати за време на средба во станбена зграда во Скопје.

414

Сопружници кои се наоѓаат во бракоразводна постапка меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад по инцидент што се случил во станбена зграда во Скопје.

Од СВР Скопје информираат дека на 27 јули 2026 година во 00:15 часот, 25-годишен маж од Крива Паланка пријавил дека претходната вечер, околу 21:00 часот, во станбена зграда во Скопје бил физички нападнат од неговата 31-годишна сопруга од Штип, со која е во бракоразводна постапка.






Неколку часа подоцна, во 02:30 часот, и 31-годишната жена поднела пријава во полиција, тврдејќи дека истиот ден, околу 21:00 часот, во истата станбена зграда во Скопје била физички нападната од нејзиниот 25-годишен сопруг.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Поврзани содржини