🎥 ИЛЈАДНИЦИ ЖИТЕЛИ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ МАСОВНИОТ ТУРИЗАМ НА ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА Полицијата употребила гумени куршуми и пендреци

Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ трета година протестира поради преголемата посетеност на Палма де Мајорка.

95

Сѐ поголем број туристички места ширум светот се залагаат за ограничување на масовниот туризам. Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ („Menys Turisme, Més Vida“), под слоганот „Мајорка на работ на издржливоста“ вчера протестираше поради преголемата посетеност на шпанскиот остров.

Околу 25.000 граѓани, според полицијата, или околу 70.000 според организаторите, се собраа на плоштадот „Пласа де Еспања“ изразувајќи незадоволство од сè поголемиот туристички притисок врз островот. Тие носеа транспаренти „Пренатрупана Мајорка“ и „Нема повеќе капацитет“.






Протестот поминал мирно речиси до самиот крај. Тензиите се појавиле поради полициската контрола на толпата кај Сес Волтес, каде што требало да се прочита манифестот на протестот. Не можеле сите да пристапат до локацијата, па ситуацијата ескалирала.

Толпата се упатила со намера да маршира кон Парк де ла Мар. Демонстрантите се собрале на едниот крај од авенијата Антони Маура под будно око на голем контингент на Националната полиција. Десетици полицајци, некои опремени со штитови и пушки за гумени куршуми, се позиционирале околу влезот на паркингот, опкружени со луѓе кои извикувале пароли како „Би се срамел да бидам полицаец“ и „Надвор окупаторски сили“, чувствувајќи дека се спречени да го продолжат својот протест.

Најтешките инциденти се случиле по читањето на манифестот на протестот, што требало да го означи крајот на демонстрациите. Полицијата реагирала кога мала група демонстранти почнала да фрла предмети, главно пластични шишиња. Биле испукани околу дваесет гумени куршуми и имало напади со пендреци.
Брзата помош укажала помош на осум лица, од кои две биле пренесени во болница со полесни повреди. Еден од повредените бил маж со крвава рана на главата кој останал да лежи на земјата. Според сведоци, некои туристи кои поминувале низ областа биле индиректно зафатени од инцидентите.

Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ трета година протестира поради преголемата посетеност на Палма де Мајорка.

Палма де Мајорка е една од најпопуларните туристички дестинации во светот.

Поврзани содржини