НЕВРЕМЕТО ОШТЕТИЛО ЕДЕН ОД ЕР-ТРАКТОРИТЕ Повикан е овластен сервис
Во наредните денови третиот ер-трактор ќе го немаме на располагање, но тука се двата полициски хеликоптери и и еден армиски хеликоптер – изјави Ангелов за Сител.
Невремето кое минатата недела го зафати Скопје оштетило и еден од авионите ер-трактор за гаснење пожари, така што сега Дирекцијата за заштита и спасување останува со два ер-трактори.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вели дека веднаш ја контактирале фирмата која ги сервисира ер-тракторите и побарале да испратат нивни механичари.
– Штетата можеби не е голема, но тој сега е надвор од употреба. Стапивме во контакт со фирмата која е заодлжена за сервис, фирмата Титан и побаравме најбрзо што може да испратат механичари. Јас очекувам дека и нашите механичари ќе може да се справат со овој предизвик, но правилата во воздухопловството се многу строги и налагаат да дојде прво нивна екипа тука. Така што во наредните денови третиот ер-трактор ќе го немаме на располагање, но тука се двата полициски хеликоптери и и еден армиски хеликоптер – изјави Ангелов за Сител.