🎥 ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ ТРЕТАТА ГАЛЕРИЈА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Ќе бидат пуштени во употреба уште 10 километри од делницата

Ги финализираме галериите, најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево-Охрид, објави министерот за транспорт, Александар Николоски.

142

Министерот за транспорт, Александар Николоски објави видео од изградбата на автопатот Кичево-Охрид и најави дека наскоро ќе бидат пуштени во сообраќај уште 10 километри од делницата.

„Ги финализираме галериите, најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево-Охрид. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат. Ја градиме Македонија“, објави Николоски.

 






Поврзани содржини