ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА СПОРТ И ЗА РЕКРЕАЦИЈА ВО БИТОЛА Обнова на спортските терени во ОУ „Даме Груев“

Станува збор за отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор и тоа терени за ракомет, кошарка и за одбојка со вкупшна површина од 1.311 квадратни метри, соопшти Општина Битола.

48

Се асфалтираат спортските игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, што е проект од вториот владин повик, преку Министерството за образование и наука, информира Општина Битола.

„Станува збор за отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор и тоа терени за ракомет, кошарка и за одбојка со вкупшна површина од 1.311 квадратни метри. Околу терените ќе биде направена и пешачка патека со бехатон на површина од 294 квадратни метри, паркинг простор и хортикултурно уредување. Ќе се асфалтира пристапниот дел до игралиштата и ќе се постави урбана опрема. Вкупната сума на проектот е 15.507.414 денари“, соопшти Општина Битола.






Поврзани содржини