ЛАВИНА РЕАКЦИИ НА ДРАКОНСКИТЕ ЦАРИНИ НА ТРАМП Тој жестоко враќа – „Америка не ви е касичка-прасичка!“

Трамп потсети на милијардните казни изречени за „Епл“, „Мета“ и „Амазон“ како и за „Гугл“, оценувајќи ги овие потези како нелегален грабеж на американските даночни обврзници.

148

Најновите царини во висина од 10 до 12,5 проценти, кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за околу шеесетина земји, предизвикаа бран на негативни реакции на светстко ниво. Официјалното образложение на Вашингтон е дека овие држави не ја спроведуваат соодветно забраната за продажба на производи создадени со принудна работа, а мерките стапија на сила веднаш по истекот на претходните привремени царини од 10 отсто, кои беа воведени како замена за таксите што претходно ги поништи Врховниот суд на САД.

Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, ги оцени новите мерки како целосно неоправдани, отфрлајќи каква било поврзаност на австралискиот извоз на говедско месо, злато и бакар со модерното ропство и најави дека Канбера интензивно ќе лобира за нивно отстранување. Реакција пристигна и од Јапонија, од каде го потсетеија Вашингтон на ветувањето дека нема да има дополнителни давачки надвор од утврдените десет проценти со билатералниот договор, уверувајќи дека јапонската индустрија целосно ги почитува меѓународните правила.






Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, го доведе во прашање американското образложение, истакнувајќи дека работничките права во Европа, вклучувајќи го и платениот одмор, се на многу повисоко ниво од оние во САД. Реагираше и кинеското Министерство за надворешни работи од каде соопштија дека трговските војни и едностраните царини воопшто не се во ничиј интерес.

Како одговор, претседателот Трамп упати директна и остра закана до Европската Унија, најавувајќи „значителни“ тарифи како одговор на серијата високи финансиски казни кои Брисел им ги изрече на американските технолошки гиганти.

Преку својата социјална мрежа, Трамп порача дека САД не се европска „касичка-прасичка“ и ја обвини Унијата за континуиран напад врз успешните американски компании. Тој потсети на милијардните казни изречени за „Епл“, „Мета“ и „Амазон“ како и за „Гугл“, оценувајќи ги овие потези како нелегален грабеж на американските даночни обврзници кој започнал во мандатот на Џо Бајден, Трамп порача дека Европската Унија ќе плати многу висока цена за ваквото неетичко однесување. Тој отворено побара целосно поништување на казните, во спротивно најавувајќи воведување на ригорозни казнени царини за европскиот пазар во најскоро време.

Поврзани содржини