БРУТАЛНО УБИСТВО НА ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР Бил тепан, давен, а потоа жив запален!

Еспозито како спортски новинар ги следел фудбалските клубови од регионот Кампанија. Работел како телевизиски коментатор, соработувал со повеќе дневни весници и пишувал колумни.

139

Брутално убиство на италијански новинар ја потресе јавноста во Италија. Луиџи „Лука“ Еспозито бил убиен минатиот викенд, а неговото запалено тело е пронајдено на 19 јули на земјоделско земјиште во близина на Еболи, во покраината Салерно. Истражителите сметаат дека Еспозито бил жив во моментот кога било запалено неговото тело, иако бил во критична состојба по брутално претепување и давење, пренесе Мирор.

Обдукцијата покажала дека причината за смртта е „насилно механичко задушување“, но истовремено открила дека Еспозито непосредно пред смртта вдишал чад. Овој наод укажува дека сè уште давал знаци на живот кога напаѓачот го запалил неговото тело, поради што е побарано дополнително вештачење.






Истражителите сè уште трагаат по мобилниот телефон на новинарот. Уредот не бил пронајден ниту покрај телото, ниту во автомобилот, паркиран во близина.

Еспозито како спортски новинар ги следел фудбалските клубови од регионот Кампанија. Работел како телевизиски коментатор, соработувал со повеќе дневни весници и пишувал колумни. На 4 јули го прославил својот 53. роденден.

По неговото убиство се појавија информации дека работел во регионалната агенција за заштита на животната средина „Арпак“, но од институцијата ги демантираа тие тврдења, нагласувајќи дека никогаш не бил нивен вработен ниту бил поврзан со регионалната администрација.

Истражителите се обидуваат да утврдат и зошто Еспозито им кажувал на роднините и пријателите дека секое утро е зафатен со работа и дека тогаш не треба да биде вознемируван.

Поврзани содржини