ПАРИТЕ ОД ВТОРИОТ СТОЛБ СЕ НЕДОПИРЛИВИ Велковски уверува дека граѓаните нема да изгубат ниту денар
Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски уверува дека средствата на осигурениците во Вториот пензиски столб се гарантирани со закон и Устав, дури и во случај на евентуални промени во пензискиот систем.
Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски уверува дека средствата на осигурениците во Вториот пензиски столб се гарантирани со закон и Устав, дури и во случај на евентуални промени во пензискиот систем.
Граѓаните не треба да се плашат дека ќе ги загубат парите заштедени во Вториот пензиски столб, уверува министерот за социјална политика Ѓоко Велковски.
Во интервју за утринската програма „Ја сакам Македонија“ на Сител, Велковски посочи дека средствата на осигурениците се нивна лична сопственост и дека се заштитени и со законски и со уставни гаранции.
Одговарајќи на прашање дали парите би биле наследни доколку дојде до евентуално спојување на Првиот и Вториот пензиски столб, министерот нагласи дека заштедените средства остануваат на граѓаните.
– Сето тоа што е штедено, секој од нас што штедел, што и да се случи, парите се негови. Тие се загарантирани и по Закон и по Устав. Граѓаните не треба да имаат дилема дека тие пари се нивни и се заштедени – изјави Велковски.
На прашањето дали постои можност средствата од Вториот столб да бидат префрлени во Првиот столб и граѓаните да останат без нив, министерот одговори дека тоа не може да се случи.
– Не, тоа не може да се случи бидејќи тие се нивни заштедени средства – порача Велковски.
Велковски во интервјуто се осврна и на можноста за промени во старосната граница за пензионирање.
Тој увери дека државата во моментов нема план за зголемување на возраста за остварување право на пензија.
Сепак, според него, лицата кои се стручни, способни и имаат желба да продолжат со работа и по исполнување на условите за пензионирање, ќе можат да го направат тоа.