НОВИНАРОТ ЉУПЧО ЗЛАТЕВ ГО РАСКРИНКА ВНУКОТ НА ВЕНКО МАРКОВСКИ „Жално е што мора да докажувате колкав Бугарин сте, плукајќи по својот народ“

По жестоката размена на аргументи, дел од коментарите на Златев биле избришани, што дополнително ја разгорело дебатата на социјалните мрежи, пишува порталот Експрес и ги објавува избришаните коментари.

416

Во остра полемика на социјалните мрежи, новинарот Љупчо Златев жестоко му одговори на Вени Марковски, внук на поетот Венко Марковски, а порталот Експрес ги објави коментарите што подоцна биле избришани од Фејсбук-дебатата.

Полемиката започнала откако Вени Марковски повторно ги изнел своите ставови за македонската азбука, тврдејќи дека буквата „ј“ е резултат на српско влијание врз современиот македонски правопис. На тоа реагирал Љупчо Златев, кој ги оспорил ваквите тврдења и му упатил серија историски и јазични аргументи, обвинувајќи го дека настојува да ја негира македонската посебност.






Според Експрес, најсилен одек предизвикала пораката на Златев во која му порачува на Марковски дека е „жално што мора да докажува колкав Бугарин е, пукајќи по својот народ“. Порталот наведува дека по размената на аргументи дел од коментарите на Златев биле избришани, што дополнително ја разгорело дебатата на социјалните мрежи.

Во текстот се наведува дека спорот не останал само на прашањето за азбуката, туку се проширил и на темите за македонскиот јазик, историскиот развој на македонската нација и односите меѓу Македонија и Бугарија. Експрес оценува дека аргументите на Златев добиле значителна поддршка од дел од јавноста која ја следела расправата.

Венко Марковски (1915–1988) е еден од најзначајните поети од македонската книжевна историја и автор кој уште пред Втората светска војна творел на македонски народен говор. По политичките судири со југословенските власти, во средината на 1960-тите се преселил во Бугарија, каде го продолжил својот книжевен и јавен ангажман. Неговата животна и политичка биографија и денес е предмет на различни толкувања во Македонија и Бугарија, поради што неговото име често се појавува во современите историски и идентитетски расправи.

Поврзани содржини