📽️ ЧАМЦИ НА БРЕГОТ, БРАНОВИТЕ СТИГНАА ДО КУЌИТЕ Невремето направи хаос кај Љубаништа и кај Трпејца

Силниот ветер и високите бранови предизвикаа голема штета на охридското крајбрежје – во Љубаништа повеќе од 30 пловни објекти завршија на брегот, а во Трпејца брановите целосно ја покрија плажата и стигнаа до првиот ред куќи.

616

Силното невреме што го зафати охридскиот регион предизвика голема материјална штета кај Љубаништа, каде што повеќе од 30 пловни објекти биле откорнати од своите места и исфрлени на брегот.






Како што може да се види на видеото објавено од ОхридСкај, чамците и другите пловни објекти се насукани на песокот, додека дел од нив се превртени поради силниот ветер и високите бранови.

Последиците од невремето се видливи и во Трпејца, каде што силните бранови целосно ја покриле плажата, објави Охрид1 Според снимките, морето – односно езерските бранови – стигнале сè до ѕидовите на куќите кои се наоѓаат во првиот ред покрај брегот, оставајќи зад себе драматични сцени.

Поврзани содржини