ЛАЖЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ДА ГИ ПУШТИ ДОМА Сосетка спречила измама на 85-годишна штипјанка
Двајца 22-годишници се обиделе да влезат во домот на повозрасната жена, но биле пријавени и уапсени.
Двајца 22-годишници добија кривични пријави откако се претставиле како полициски службеници и се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип.
Настанот се случил на 2 јули, а нивната намера ја осуетила сосетка која се посомневала во нивното однесување и веднаш ја известила полицијата.
Набргу потоа осомничените биле пронајдени и лишени од слобода.