РАБОТНИК НА „ВОДОВОД“ ПАДНА ОД МОСТ ВО КОЧАНИ Тешко е повреден

Несреќата се случила вчераутро на мостот над Кочанска Река, известени се обвинител и трудов инспектор.

64

Работник на ЈКП „Водовод“ од Кочани вчераутро сНАе здобил со тешки телесни повреди при пад од височина додека работел на мостот на Кочанска Река.

Од Итната медицинска помош случајот бил пријавен во полиција, а според првичните информации, 55-годишниот работник паднал околу осум часот додека извршувал работни задачи на улицата „Лазар Андонов“.

За несреќата се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила полицијата.

Поврзани содржини