КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОЛИЦАЕЦ НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН Ставил лажна регистрација на мотор и го продал

Полициски службеник од граничниот премин Блато заработи кривична пријава, а против него е поведена и дисциплинска постапка.

491

Полициски службеник од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато и уште едно лице добија кривични пријави поради сомнение за фалсификување исправа.

Според Одделот за внатрешна контрола при МВР, полицаецот во текот на минатата година на мопед со швајцарска сообраќајна дозвола, за кој не била спроведена царинска постапка и немал соодветна документација, поставил македонска регистарска табличка од друг мопед.






Подоцна го продал мопедот на граѓанин кој знаел дека возилото нема уредна документација. На 18 јуни годинава полицијата го запрела возачот и му ги одзела мопедот и сообраќајната дозвола.

Освен кривичната пријава, против полицаецот е поднесен и предлог за дисциплинска постапка поради кршење на работниот ред и дисциплина.

 

Поврзани содржини